Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ги пофали двата тима за прикажаното на реваншот со Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Фудбалерите на ПСЖ одиграа неверојатен натпревар во првата осминафинална средба против Ливерпул во Лигата на Шампионите, но и покрај тоа што имаа 27 обиди кон противничкиот гол, не успеаја да ја затресат мрежата, а англискиот состав од само два обида стигна до предност од 1-0. Сега „светците“ ги очекува „пекол“ на легендарниот англиски стадион „Енфилд“ во реваншот, но настап на него носи посебна мотивација, како што вели тренерот Луис Енрике.