Двата тима се задоволија со по еден бод, откако натпреварот заврши без победник, 1-1. Натпреварот понуди возбудлив фудбал, големи шанси на двете страни и одлична атмосфера на трибините, каде што навивачите на Вардар создадоа посебен амбиент . Шкендија прва го отвори резултатот , откако во 21. минута со прецизен удар од далечина се запиша Решат Рамадани . Сепак, гостите немаа долго време да се радуваат, бидејќи само четири минути подоцна , Вардар возврати. Sportski