Само три дена по исцрпувачкиот реванш осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико, на кој Реал се пласираше по 120 минути игра и пенали, актуелниот шпански шампион мора да ја продолжи борбата за одбрана на домашната титула и тоа да го направи на тешко гостување.
По натпреварот Атлетико Мадрид – Реал Мадрид се подигна голема прашина поради поништениот гол од пенал на Хулиан Алварез.