Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) доби нов претседател во следниот четиригодишен мандат.
Фудбалската федерација на Македонија денеска одржува редовно изборно собрание на кое Масар Омерагиќ ќе добие доверба од делегатите за продолжување на мандатот за прв човек на Куќата на фудбалот.
Масар Омерагиќ, единствениот кандидат за четиригодишен мандат на чело на Фудбалската федерација на Македонија, на денешното Изборно собрание се осврна на состојбата која ја затекна од неговото доаѓање во „Куќата на фудбалот“ на 22 декември 2024 година - По речиси три месеци од преземањето на функцијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија, пред вас стојам со обврска да ви се обратам отворено, искрено и одговорно.