1 (11) ■ вести > македонија ■ 26-Mar 10:25 -> 26-Mar 12:00
.
.
.
.

Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција

  • ЧЕТВОРИЦА ПАЦИЕНТИ ОД ШПАНИЈА И ЕДЕН ОД ГРЦИЈА СЕ ВРАЌААТ ДОМА Во домашните болници се лекуваат 23 пациенти

Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени на домашно лекување.

Петмина пациенти од странство денеска се враќаат во земјава, а четворица и натаму се во критична состојба, но засега се стабилни, информира министерот за здравство, Арбен Таравари.

16 (60) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Mar 12:02 -> 26-Mar 12:00
.
.
.
.

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да биде разгледан предлогот за разрешување на Коцевски

  • Мицкоски: Ги поддржувам граѓаните кои одлучиле својот гнев да го изразат преку протести

  • Локалите ќе добијат колку што им е потребно време за да ги исполнат условите, дотогаш нема да работат

  • Ќе продолжат инспекциските контроли, кај 70-80 проценти од објектите воочени неправилности

Одложена седницата на Советот на јавни обвинители на која требаше да биде разгледан предлогот за разрешување од функцијата Јавен обвинител поднесен од Владата.

Апсолутно ги разбирам сите оние кои одлучиле својот легитимен гнев, да го изразат преку демократска алатка, а тоа се протести.

На сопствениците на угостителски објекти ќе им биде даден временски рок за да ги отстранат недостатоците или да го прилагодат објектот, изјави премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за мораториумот.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли во сите јавни објекти низ државата.

Повеќе од
оваа категорија

51 (19) ■ спорт > македонија ■ 24-Mar 19:18 -> 25-Mar 09:59
.
.
.
.

Се огласија од ФФМ по веста дека Дени Масев е приведен

  • Директорот на А репрезентацијата заврши во притвор и разрешен од функцијата

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи вечерва во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење.

Дени Масев, поранешен македонски репрезентативец пред една недела завршил во притвор, информира . Како што потврдуваат извори за „Слободен печат“ Масев во моментов се наоѓа во притвор, а според неофицијалните информации, тој се поврзува со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен на почетокот на годинава под сомнение за трговија со дрога.

Повеќе од
оваа категорија

90 (13) ■ бизнис > економија ■ 24-Mar 08:27 -> 25-Mar 07:50
.
.
.
.

РКЕ: Работиме на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобри заштитата на корисниците

  • Инженерите со забелешки за фактурирањето на струјата на средба со Бислимовски

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) веќе извесно време работи на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобри заштитата на корисниците, вклучувајќи месечно евидентирање на броилата, како и повремена проверка на броилата по случаен избор кај одреден број корисници кои поднеле жалби до РКЕ, информираат од регулаторното тело за МИА.

Здружението Инжинери на Република Македонија (ИНРМ) најави дека денеска ќе одржи состанок со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски за да ги изнесат ставовите во врска со, како што посочуваат, штетните практики во фактурирањето на електричната енергија.

166 (8) ■ бизнис > економија ■ 24-Mar 11:50 -> 25-Mar 17:10
.
.
.
.

Продажбата на автомобили во ЕУ повторно падна во февруари

  • Раст забележан кај депозитите и кредитите, потрошувачките и станбените најпопуларни кај граѓаните

Продажбата на нови автомобили во Европската унија повторно е намалена во февруари, покажаа во вторникот објавените податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Во февруари во ЕУ се регистрирани 854.000 нови автомобили, 3,4 отсто помалку од истиот месец минатата година, пресметале во ACEA.

Народната банка информира дека вкупните депозити во февруари бележат пораст од 11,1% на годишно ниво, додека вкупните кредити забележуваат зголемување од 11,5%. Во февруари 2025 година, паричната маса регистрира месечен пораст од 0,2%, под влијание на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити до две години, додека краткорочните депозити и готовите пари во оптек бележат намалување.

134 (4) ■ сцена > култура ■ 25-Mar 16:50 -> 25-Mar 18:53
.
.
.
.

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

  • По инспекцијата, во Прилепскиот театар забрана за настани и претстави

Согласно препораката од Министерството за култура и туризам, а на официјално барање од страна на НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп, по извршениот формален инспекциски надзор и констатирање на серија фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стадарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна институција, согласно член 141д. алинеа 2,3 и 4 од Законот за заштита и спасување, со усно врачено решение се забранува користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ - Прилеп, како објект за масовни приредби, известуваат од прилепскиот театар.

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ доби забрана за одржување настани, манифестации и приредби се додека не се отстранат недостатоците и неправилностите на објектот.