Фудбалерите на Воска го напуштија натпреварот против Вардар во 75.минута откако беа незадоволни од судењето.
Натпреварот помеѓу Воска Спорт и Вардар беше прекинат на околу 15 минути пред последниот свиреж, откако играчите на домашниот тим одлучија да го напуштат теренот при резултат 1-1. Охриѓани поведоа во првото полувреме со погодокот на Осеи, а гостите од Скопје израмнија во 74-тата минута по спорна ситуација во шеснаесетникот на Воска.