Белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне на крајот на сезоната го напушта Манчестер сити, поради тоа што премиерлигашот не му понуди продолжување на соработката, а англиските медиуми пишуваат дека искусниот фудбалер би можел да остане во Англија.
Де Брујне неодамна кажа дека е разочаран затоа што не му била понудена нова соработка, по што почнаа шпекулациите дека ќе се пресели во Саудиска Арабија, но сега во битката за неговиот потпис се вклучија Астон вила и Челси.