Иако му беше тренер во Милан и има прекрасно мислење за него како тренер, легендарниот бразилски фудбалер Кафу не смета дека Карло Анчелоти би бил идеално решение за селекторската позиција на „кариоките“.
Неодамна се случи пресврт во ситуацијата со италијанскиот стручњак и тој ја одби понудата да го предводи петкратниот светски шампион, но тамошните медиуми тврдат дека преговорите се обновени и наскоро Анчелоти треба да биде претставен како нов селектор на Бразил.
Бразилската фудбалска федерација има план да го договори Карло Анчелоти на селекторската клупа, и тоа да го стори овој месец, односно еден ден после „Ел Класико“.
Пораз на натпреварот со Барселона, за Анчелоти би значело веројатно и крај на соработката со оглед дека Барселона во тој случај ќе ја има веќе титулата во џеб, а Италијанецот потоа може да се пресели на клупата на Бразил. Ekipa
Пред два дена се појави информација од шпанската „Марка“ дека Анчелоти ги прекинал преговорите со Бразил поради можен замин во Саудиска Арабија, но изгледа дека не биле толку строги одлуките, барем не уште.
Тој призна дека во Бразил се надеваат дека ќе го претстават новиот селектор на фудбалската репрезентација на оваа земја пред 20-ти мај, кога треба да се објави списокот за две натпревари од квалификациите за Светското првенство 2026, кои ќе се играат во јуни. Sportski
Иако му беше тренер во Милан и има прекрасно мислење за него како тренер, легендарниот бразилски фудбалер Кафу не смета дека Карло Анчелоти би бил идеално решение за селекторската позиција на „кариоките“. Sport1
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Фудбалерите на Ал Ахли ја освоија титулата клупски шампион на Азија за прв пат во историјата откако го победија јапонски Кавасаки во финалето на Лигата на шампионите на домашен терен со 2:0. Ал Ахли го реши прашањето за победникот во првото полувреме.
Ал Ахли со 2-0 го победи Кавасаки во финалето од азиската Лига на шампиони и го освои најголемото клупско натпреварување на овој континент.
Екипата на Интер Мајами им се врати на победите во МЛС лигата и славеше со убедливи 4-1 над Њујорк Ред Булс, со што се искачи на четвртата позиција во источната конференција.
По слабите настапи во Шампионскиот Куп на КОНКАКАФ каде прими вкупно 5 гола во два меча и испадна од Ванкувер, Интер Мајами конечно им се врати на победите.
Фудбалерите на Вардар стигнаа до нова победа откако во премиерниот меч од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига славеа на гостувањето кај Шкупи со 0-2. Првото полувреме не донесе големи возбудувања се до самиот финиш.
Со натпреварот меѓу Шкупи и Вардар се отвора 30. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Раководството на ФК Гостивар одлучи да се повлече од Првата македонска фудбалска лига.
Преку соопштение напишано на англиски јазик, на официјалната страница на Фејсбук, фудбалскиот тим Гостивар објави дека се повлекува од играње во Првата македонска фудбалска лига.
Во пресрет на најголемото хрватско дерби Хајдук - Динамо Загреб кое се игра попладнево од 16:00 часот, во населбата Пујанка во Сплит избила голема, масовна и договорена тепачка меѓу Торцида Сплит и Бед Блу Бојс.
Хрватските медиуми пишуваат дека утрово околу 9 часот во Сплит се судриле голем број навивачи на вечните ривали Динамо Загреб и Хајдук Сплит.