Интер Мајами конечно им се врати на победите, откако на домашен терен го совлада тимот на Њујорк Ред Булс со убедливи 4:1. Со оваа победа, екипата од Флорида ја прекина непријатната низа од три натпревари без триумф, а навивачите имаа причина за задоволство.
По слабите настапи во Шампионскиот Куп на КОНКАКАФ каде прими вкупно 5 гола во два меча и испадна од Ванкувер, Интер Мајами конечно им се врати на победите.