Во четвртиот натпревар од четвртфиналето, тие го елиминираа Реал Мадрид, победувајќи го во шпанската престолнина со 86:84. Тимот од Пиреја ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Монако и Барселона во полуфиналето, во кое играчите од Кнежевството имаат водство од 2-1 во победи.
Ова ќе биде четврти последователен настап на Грците на Фајналфорот и шанса за четвртата титула во историјата на клубот. Netpress