Течеше 33. минута кога турскиот „дијамант“ Ѓулер погоди со левата нога за предност на Реал Мадрид, а потоа на сцена стапи Килијан Мбапе кој уште еднаш ја покажа својата класа и во 39. минута донесе 2-0. Во второто полувреме следеше уште еден гол на Килијан Мбапе за 3-0, па домаќинот се опушти, ја врати Селта со два гола во игра, но погодоците на Родригез и Сведберг не влијаеја на резултатот и на плановите на Анчелоти.