Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!?
Јирген Клоп викендов е во Ливерпул и во недела ќе учествува на прославата на титулата англиски шампион, додека во петок учествуваше на гала-вечер на хуманитарната фондација на Ливерпул, каде што донираше сто илјади евра. Supersport
Легендарниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе биде присутен на последниот натпревар од сезоната во Премиер лигата, против Кристал Палас.
Веста ја потврди актуелниот стратег на Црвените, Арне Слот.Мечот ќе се игра вo недела, на 25 мај, на „Енфилд“, и ќе биде кулминација на исклучително успешната сезона за Ливерпул, која заврши со освојување на титулата во Англија.Клоп, кој го напушти клубот во мај 2024 година по девет сезони на клупата на Ливерпул, ќе се врати во градот на 23 мај, каде ќе биде специјален гостин и предавач на годишниот добротворен бал на локалната фондација на клубот.Германецот ќе остане во градот и за викендот, за да биде дел од прославата на титулата – нешто што фановите на Ливерпул сигурно ќе го пречекаат со голема еуфорија.„Јирген секогаш е добредојден на ‘Енфилд’. Го поканив на неколку меча оваа сезона, но тогаш беше зафатен. Sportmanija