Второто полуфинале донесе тврд почеток со многу промашени напади и на двете страни, па така во првите десет минути видовме само четири гола, по два на двете страни.
Таквата игра продолжи и во наредните минути, се играше со многу прекини и тешко се постигнуваа голови, а на десет минути пред крајот на првиот дел домашните ракометари имаа водство од 8-7. Иако разликата констатно беше најмногу два гола, Пелистер никако не успевааше да дојде до водство, Чаневски беше одличен на голот во секој момент кога битолскиот клуб имаше напад за предност.