На 14:14 “пелистерци“ не искористија напад за водство, а првото за Пелистер беше 15:16. “Пелистерци“ влегоа во ритам и за првпа имаа +3 (15:18). Потоа охриѓани имаа серија за враќање до егал 20:20. Еурофамр Пелистер погоди два пати по ред за 20:22. Се одллепи Пелистер на три разлика, Борзаш погоди за 20:24 за победа, до крајот на средбата “пелистерци“ дојдоа сигурно и до финале, со резултат 23:27. Најефикасен ракометар кај Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со седум гола, голманот Никола Митревски имаше 14 интервенции. Bitolanews