Иако трансферот на Флоријан Вирц е официјализиран од двете страни, сепак се чека на лекарските прегледи и секако промоцијата, односно претставувањето.
Да потсетиме дека Ливерпул за своето летно мега – засилување на Баер Леверкузен му плати 136 милиони евра, тука бонусите не се сметаат и затоа јавноста, а посебно фановите на “Редси“ едвај чекаат да го видат и официјално најдобриот германски фудбалер во црвениот дрес на култниот клуб од “Енфилд“.