Масимилијано Алегри, кој се врати на позицијата тренер на Милан, го потврди доаѓањето на Лука Модриќ во клубот.
Масимилијано Алегри утре ќе ја има првата прозивка по враќањето на клупата на Милан, а искусниот стратег ја објави листата на фудбалери кои ќе треба да се појават на првиот тренинг, на кои подоцна ќе смета и во текот на сезоната 2025/26. Она што веднаш падна во очи, на неа го нема Тео Хернандез, како уште еден јасен предзнак дека левиот бек е подготвен да си замине во текот на летниот преоден рок.