Македонскиот фудбалски второлигаш Брегалница сезоната ја почнува со нов инвеститор и со ново раководство и стручен штаб, најавија на денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и новиот турски сопственик Мурат Шамил Шен.
Второлигашот Брегалница од Штип денеска и официјално доби нов мнозински сопственик - турскиот бизнисмен и поранешен кошаркарски репрезентативец Мурат Шамил Шен, кој до неодамна беше сопственик на турскиот прволигаш Генчлербирлиги од каде што би тргнат со судска одлука.