Најдановиќ која пристигнува како засилување во средниот ред доаѓа од Србија, каде настапуваше за ЖФК Раднички – Пирот и во дресот на Вардар ќе дебитира во Првата женска фудбалска лига во Македонија.
Нови имиња во редовите на црвено-црните се Јована Најдановиќ, Љубица Асановиќ и Александра Јовановска.
Двете фудбалерки носат дополнителна сигурност и стабилност во тимот, кој иако е претежно млад, има огромен потенцијал и просперитет за иднината.
Со овие засилувања, Вардар добива свежина и квалитет кои ќе му овозможат да биде конкурентен уште во својата дебитантска сезона.
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Екипата на Новаци е во следната фаза од Купот на Македонија односно во осминафиналето, откако денес во Петровец со убедливи 0:3 славеше над третолигашот Пчиња. Второлигашот Новаци беше фаворит на овој натпревар и повеќе од јасно беше дека ќе обезбеди следна фаза од Купот на Македонија, а тоа го потврди и резултатски откако ја оправда фаворитската улога.
Фото: ФК Пелистер Куп на Македонија: Пелистер со гол на Спировски го доби Тетекс, осминафинале и за Новаци Екипата на Пелистер многу потешко од очекуваното дојде до осминафинале во Купот на Македонија и го совлада Тетекс со 1-2. Домаќините го добија првото полувреме благодарение на погодокот на Николовски во 35. минута, но веднаш по стартот на вториот дел, битолчани израмнија. Победата за Пелистер ја обезбеди поранешниот репрезентативец, Стефан Спировски кој стрелаше во самата завршница.
Додека во европскиот фудбал сè уште се коментира веста дека дербито помеѓу Виљареал и Барселона од шпанската Ла Лига би можело да се игра во Мајами, уште една сензационална најава доаѓа од Италија. Раководството на Серија А сериозно размислува еден од своите првенствени натпревари да го пресели на другиот крај од светот во Австралија.
Раководството на Серија А има идеја натпревар од основниот дел на италијанското првенство да се одржи во Австралија. Станува збор за мечот меѓу Милан и Комо кој е на програмата во февруари до кога треба да се решат сите формалности и овие два клуба да гостуваат на австралискиот континент.
Фото: EPA/ESTELA SILVA ФОТО: Не го заборава својот пријател, Невеш посвети тетоважа на Жота Поминаа два месеци од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби Диого Жота, поранешниот напаѓач на Ливерпул, заедно со неговиот брат. Неговата смрт остави длабока трага кај многумина, но посебно кај неговиот близок пријател и соиграч од младинските категории, Рубен Невеш.
Рубен Невеш беше голем пријател со Диого Жота, кој неодамна го загуби животот со сообраќајна незгода заедно со неговиот брат, а сега фудбалерот на Ал-Хилал реши да му посвети тетоважа. Поминаа два месеци од смртта на поранешната ѕвезда на Ливерпул, а Невеш реши да му оддаде почит.
Баер Леверкузен го отпушти холандскиот тренер Ерик тен Хаг откако го водеше тимот на само три натпревари. Наследникот на почитуваниот и трофеен Чаби Алонсо беше многу краткотраен.
Тен Хаг притоа испиша и рекорд, кој дефинитивно никој не би го посакал. Холанѓанецот стана првиот тренер во историјата на Бундеслигата кој бил избркан за толку краток период.
Пред извесно време излезе информацијата дека Стојанов веќе не е тренер на Брера, а денеска тоа и официјално е потврдено. „Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на АП Брера Струмица по четири првенствени кола.
фото: Brera Strumica Панче Стојанов веќе не е тренер на АП Брера Струмица Коминовски Фидан Пред 7 минути Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на фудбалскиот клуб АП Брера Струмица по четири првенствени кола. Оставката е лична и не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона.