Во средниот ред од првата минута ќе тргнат: Станковски, Алими и Јани Атанасов, додека ќе ги нападнеме саудијците со Ристовски и Трајковски.
Maкедонската фудбалска репрезентација денеска од 17:00 часот во Прага ќе игра против Саудиска Арабија, а селекторот Благоја Милевски на еден час пред почетокот на средбата ги избра почетните 11. На голот е стандардниот Столе Димитриевски, потоа во одбраната Деспотовски, Велковски, Серафимов, Муслиу и Алиоски.