Њујорк игра извонреден напад во последните седмици, па затоа импресивно делуваше одбраната на Далас во првата четвртина во која гостите за 12 минути постигнаа само 15 поени (28-15). Далас продолжи да доминира и на полувреме замина со водство од 60-38, Њујорк заигра подобро во нападот (43 поени само во последната четвртина), но веќе беше доцна за камбек во натпреварот.