Денвер нагетс триумфираа против Шарлот хорнетс со 129-115 за деветта победа по ред во НБА-лигата, а Никола Јокиќ постигна 29 поени, 17 скокови и девет асистенции.
Кошаркарите на Денвер беа подобри од Шарлот во првата четвртина со 38-30, по што со истата разлика заминаа и на паузата (66-58). Во третата четвртина Шарлот тргна агресивно и ја намали негативата на три поени (96-99), меѓутоа Денвер го засили темпото во финишот и славеше со 129-115.