Откако минатата година доживеа повреда и мал потрес на мозокот на турнирот во Рим откако на главата му падна шише со вода од еден навивач, Новак Ѓоковиќ доживеал нешто слично пред дуелот против Хиџиката, во второто коло од Мастерсот во Мајами.
Новак Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал за најмногу победи на ниво на Мастерс 1000, откако шесткратниот шампион победи со 6:0, 7:6(1) против Ринки Хиџиката во мечот од второто коло на турнирот во Мајами и ја прекина серијата од три порази.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третата рунда на мастерсот во Мајами откако вечерва го совлада Ринки Хуџикато во два сета 2-0 (6-0, 7-6). Сезонава немавме многу прилика да го гледаме Новак како доминира, но денеска во првиот сет потсети на најдобрите денови и не му дозволи на противникот да освои ниту гем.