Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс се пласираа во четвртфиналето на НБА лигата, откако ја добија серијата против Лос Анџелес Лејкерси со 4-1. Последниот петти натпревар во Калифорнија гостите го добија со 96-103, шокирајќи го тимот кој имаше шампионски аспирации уште во првата фаза од плеј-офот на НБА лигата.