Кошаркарите на Минесота се пласираа во полуфиналето на Западната конференција од НБА лигата, откако во петтиот натпревар од серијата на првото коло од плејофот, на гостински терен ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 103:96. Леброн Џејмс запиша 22 поени, седум скока и шест асистенции, а „Кралот“ по натпреварот беше прашан дали е подготвен за новата сезона и кога ќе биде крајот.