Долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите, а не само за студентите од приватните универзитети, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат и да докажат прво пред граѓаните дека она што го кажуваат, ќе можат да го реализираат за да на следните избори имаат поддршка.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја поздравува одлуката на Владата да набави 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз од кои најголем дел за Скопје, но смета дека треба да се остави време да се види дали ќе се реализира тоа што го имаат ветено.