Македонската сениорска репрезентација идната недела ќе одигра два натпревара во групата Х од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2025 година, два мошне значајни дуела за „црвено-жолтите“, кои по половичниот ефект во мечевите во февруари, кога остварија победа над Полска и имаа пораз од Естонија, ќе одиграат средби и со најголемиот фаворит за првото место во оваа група, репрезентацијата на Литванија.
Месецот ноември со себе носи и уште две репрезентативни возбудувања, односно настапите на нашата машка сениорска репрезентација во квалификациите за Евробаскетот 2025 година.