Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз, ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните.
Владата денеска на седница усвоила Информација за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.