Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
0.00
7.19
0.68/0.00
4.00
0.97
0.24
279.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
3 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 0.5
Best clustering variants
3 0.99/0.01 2 0.5
Ekipa

Во преден план беше Бојиќ со 10 поени за помалку од десет минути игра, Антоан исто така даде свој придонес, но Широки благодарение на шутот од далечина ја доби стартната четвртина со минимални 24-23. Домаќините продолжија во силен шутерски ритами на стартот од вториот период, во 13. минута Широки веќе имаше постигнато седум тројки (7/10), и тоа од седум различни кошаркари.

Едвардс беше единствениот расположен во нападот на Пелистер во овој период, па тимот од БиХ лесно стигна до првото двоцифрено водство (39-29). Пред крајот на четвртината кошаркарите на Широки почнаа да промашуваат од далечина, но затоа во рекетот го имаа одличниот Планиниќ, кој со неколку реализации помогна убедливата предност да биде задржана и Широки на одмор да замине со убедливи 53-39. Сите шанси за камбек исчезнаа по само неколку минути игра во третата четвртина, во која Пелистер веќе ја немаше ниту сигурноста во нападот, а домаќините го искоритија тоа за да стигнат и до „плус 20“ (62-42, 25. минута). Петровиќ зеде тајмаут, негативата само за момент беше намалена на 15 поени, но потоа следеше нова серија на Широки Бријег со која домашната екипа поведе со 75-49 во 27. минута, за третата четвртина да заврши со водство на домаќините од 79-55. Последните десет минути минаа во рутинско одржување на предноста од страна на домашниот тим, кој заслужено славеше со конечни 93-73. Едвардс со 20 поени беше најефикасен во победничкиот тим, два поени помалку реализираше Андрија Бојиќ, а двоцифрен беше и Антоан, завршувајќи го натпреварот со 11 поени и 3 асистенции. Ekipa