Работнички се мачи со огромни финансиски проблеми, но кошаркарите на овој тим на чело со тренерот Самарџиев тоа го искористија само како мотив плус, за со одлично издание да слават над вицешампионот Пелистер со убедливи 82-70. „Центарци“ беа и без репрезентативецот Стојан Ѓуроски, но и без својот најдобар стрелец сезонава одиграа одличен меч и го земаа скалпот на битолчани, за кои ова е втор пораз во низа по шокантниот на домашен терен од Шкупи пред репрезентативната пауза.
Репрезентативната пауза заврши, а кошаркарите на Пелистер денес се враќаат на обврските во домашниот шампионат.