Тивок, мирен и максимално културен надвор од теренот, но на паркетот пргав, агресивен, борбен, желен за победа и снајперски прецизен во ударите од далечина.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски и официјално заминува во пензија на 37-годишна возраст, потврдено е на последниот квалификациски натпревар за ЕП 2025 против Полска.