Иако во таборот на Пелистер владееше одлична атмосфера по неверојатната победа над Шкупи во претходното коло (70-103), сепак, Работнички покажа класа и повторно му зеде скалп на „зелено-белите“ оваа сезона и запиша значајна победа во битката за што подобар пласман во плеј-офот. Gol
Триумфот е уште позначаен ако се знае дека „црвено-белите“ допатуваа со само осум кошаркари, но и со крајно лимитиран ростер успеаја да стигнат до посакуваниот резултат.
Мишковиќ и Антоан беа клучни фигури во таборот на Пелистер во првата четвртина, во која „зелено-белите“ имаа 25-16, за овој период да заврши со 25-19 со тројката на репрезентативецот Ѓуроски. Ekipa