Најдобриот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, сензационално е елиминиран уште на стартот од мастерсот во Индијан Велс, откако загуби во второто коло од Холанѓанецот Ботик ван де Заншлуп (2-6, 6-3, 1-6). Поразот е уште посензационален ако се има предвид дека неговиот противник влезе во главната ждрепка како „среќен губитник“, додека, пак, Ѓоковиќ првпат од 2018 година испадна од Индијан Велс по само еден меч.