Се наближува крајот на актуелната сезона во Евролигата, а веќе на големо се шпекулира за евентуалните промени во натпреварувањето кои би стапиле на сила во следниот период.
Прашањето е како европската кошарка да се обиде да ѝ пркоси на американската, која има намера да го заземе пазарот на стариот континент, а еден од методите е да се прошири Евролигата со уште две екипи кои би влегле во елитата од АБА лигата.