Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека се мачи да одигра на посакуваното ниво, откако беше елиминиран во второто коло на турнирот во Индијан Велс.
Новак Ѓоковиќ кој Индијан Велс го почна од второто коло, доживеа елиминација од малку познатиот Холанѓанец, Ботик ван де Заншлуп со 2-1 во сетови, кој на турнирот се пласираше како „среќен губитник“.