Македонската кошарка може да добие нов претседател, затоа што на иницјатива на Младен Ѓуроски, закажано е Вонредно Изборно Собрание во куќата на кошарката.
Македонската кошарка оваа година може да добие нов претседател, затоа што со огромна поддршка побарано и закажано е Вонредното собрание во Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ). Перо Антиќ, актуелниот прв човек на КФСМ, беше реизбран на 29 март 2023 година, а откако истекоа две години од неговиот мандат во кој не можеше да му се изгласа недоверба затоа што беше заштитен според Статутот кој не дозволува свикувања на Вонредни собранија, следеше реакција на противкандидатите.