Фенербахче е првиот финалист на фајналфор турнирот од Евролигата откако турскиот гигант успеа да го натера на капитулација актуелниот европски првак Панатинаикос, славејќи со 82-76. Избраниците на Јасикевичиус одиграа одличен меч во кој целосно го контролираа резултатот, неколку пати имаа и двоцифрена предност, успевајќи да стигне до заслужена победа, прва за Шарунас Јасикевичиус на фајналфор турнирите над Ергин Атаман.
Кошаркарите на Фенербахче в недела ќе се борат за втората титула во Евролигата во клупската историја.