Газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, е суспендиран 10 месеци од спортски настани, односно во тој период не смее да влезе во сала, поради неодамнешниот инцидент во финалната серија од грчкото првенство, што фрли сенка врз спортот во Грција, а Спортската арбитража постапи како што постапи.
Дисциплинската комисија на Грчката кошаркарска федерација изрече сурова суспензија за претедателот на Панатинаикос, Дмитрис Јанакопулос, кој добива забрана за посета на спортски натпревари во следните десет месеци.