Оклахома Сити Тандер е освојувачот на трофејот во НБА лигата откако славеше во седмиот натпревар од финалната серија против Индијана.
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се новите шампиони на НБА.
Седмиот натпревар од финалето на НБА плеј-офот беше обележан со повреда на талентираниот Тајрис Халибартон, движечката сила на Индијана Пејсерс.
Оклахома ноќеска ја победи Индијана со 103:91 во седмиот натпревар од финалето на НБА и го освои шампионскиот трофеј во најсилната кошаркарска лига на светот.