Македонија е во групата Б, со Романија, со која игра утре, во Куманово, и со Унгарија. Novamakedonija
Двете првопласирани ќе настапат во квалификациите за пласман на планетарниот шампионат Машката репрезентација на Македонија од завчера е во Куманово, каде што утре (од 20 часот) ќе го одигра и првиот натпревар од втората фаза на претквалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во 2027 година во Катар, со селекцијата на Романија.
Во реновираната спортска сала во Куманово, каде на втори август ќе го играме мечот против Романија, „црвено-жолтите“ ќе реализираат уште неколку тренинзи, по што селекторот Марјан Илиевски и неговите асистенти ќе го дефинираат и конечниот избор на играчи кои ќе бидат во протоколот за средбата со Романија.
Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марко Миловановиќ, Валмир Какруки, Никола Василевски, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савичевиќ, Максим Митевски, Тома Стојаноски, Марко Луканоски и Џејкоб Вајли. Gol
Македонската кошаркарска репрезентација влегува во последната фаза од подготовките за претквалификациите за пласман на СП 2027, кои ќе ги одработи во Куманово, градот во кој в сабота (2 август) ќе го одигра првиот меч и тоа против Романија (20 часот). Селекторот Марјан Илиевски на пат поведе 15 кошаркари, односно направи мало лратење во однос на составот кој настапи на двомечот со Швајцарија, а од кој во иднина ќе ги нема Андреј Андоноски и Стефан Стојковиќ. Sport1
На конечниот список ќе има место за 12 репрезентативци.
По дуелот со Романија, на 9.август во Шолнок Македонија ќе игра против Унгарија, а на 13.август нашите сениори ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Романија во Орадеа. Derbi
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Македонија е во групата Б, со Романија, со која игра утре, во Куманово, и со Унгарија.
Македонската кошаркарска репрезентација се пресели во Куманово, каде „црвено-жолтите“ в сабота против Романија ќе означат старт на новиот циклус, овојпат од претквалификациите за СП 2027.
Македонија утре ќе се соочи против Романија во претквалификациите за Светското првенство (СП), а Џејкоб Вајли и Адем Мекиќ најавија дека сите репрезентативци ќе го дадат својот максимум на теренот и се надеваат на успех.
Македонските кошаркари по двонеделните подготовки се подготвени за новиот предизвик, со подмладен состав да стигнат до победа над Романија на стартот од новиот квалификациски циклус.
Кошаркарската репрезентација на Македонија е подготвена за почетокот на новиот претквалификациски циклус, во кој ќе води битки со Романија и со Унгарија за едно од првите две места во групата кои ќе значат пласман во главните квалификации.
Кошаркарската репрезентација на Македонија в сабота ги стартува претквалификациите за Светското првенство.
Новото раководство на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) е пред првиот предизвик, тоа се претквалификациите за Светското првенство (СП) во 2027 година, а има и еден новитет.
Новото раководство на КФСМ најави отпочнување на процедура за менување на името и бришење на придавката „Северна“ од називот на федерацијата, а првиот конкретен чекор ќе биде видлив при стартот на новиот квалификациски циклус на сениорската репрезентација.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ е убеден дека „црвено-жолтите“ ќе имаат голема поддршка од трибините во Куманово за време на претстојнито натпревар со Романија.
Македонските кошаркарски репрезентативци привршува атсо подготвките за стартот на претквалификациите за СП 2027, меѓу кои Адем Мекиќ е еден од најискусните на кои селекторот ќе се потпира во дуелите со Романија и Унгарија.