фото: EPA/GEORGI LICOVSKI ВИДЕО | Шенгелија ја водеше Грузија до триумф над Кипар – следува важен меч со БиХ на Евробаскет Најдобрите кошаркари на Грузија остварија многу важна победа на Европското првенство, откако денеска го совладаа Кипар со 93:61 (15:13, 27:13, 26:15, 25:20) и останаа во игра за место во нокаут фазата. Грузиската селекција, предводена од клупата од Александар Џикиќ, моментно има учинок 2-2 и во последното коло ќе одлучи кој ќе се пласира во осминафиналето во директен дуел со Босна и Херцеговина (2-2). Уште на самиот старт од натпреварот стана јасно дека Грузија ќе ја оствари победата.