Својата доминација во домашниот ракомет ќе се обиде да ја потврди денеска, повторно во Суперкупот каде за ривал ќе го има Вардар, а натпреварот ќе се игра во Кавадарци.
„Имавме малку време да се рекуперираме, а во последно време игравме многу и немавме доволно тренинг, плус се мачиме со повреди.
Но, што е тука е – знаеме дека мораме и можеме подобро.
Мојата идеја е дека секој играч ми треба за секој натпревар, а не за цела сезона.
Сакам да го користиме секој ракометар на секој натпревар, бидејќи сакаме да играме силно темпо.
На последниот тренинг пред заминувањето во Кавадарци, своите очекувања за претстојниот дуел ги сподели тренерот на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја: – Никогаш не сте целосно подготвени, бидејќи за време на сезоната постојано напредувате и учите.
Мислам дека имавме добра претсезона и најважно е што немавме сериозни повреди.
Вистинското натпреварување почнува со Суперкупот и ќе видиме поинакви тимови.
Ќе видиме поинаков Вардар и сигурно поинаков Еурофарм Пелистер.
В среда (3 септември) во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра натпреварот од ракометниот Супер Куп 2025 помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, имаше блескава партија за Битигхајм-Метерцимерн на гостувањето кај Елбфлоренц, па си заработи место во идеалниот тим на колото во 2. Бундеслига. Томовски имаше неверојатна партија, тоа беше и деби натпревар за него во Втората Бундеслига, Македонецот одбрани дури 20 топки.
фото: facebook.com/SG BBM Bietigheim Македонецот блескаше за Битигхајм: Томовски во тимот на колото во втората Бундеслига Голманот на најдобрата македонска ракометна репрезентација, Мартин Томовски имаше одличен настап во првиот натпревар од новата сезона во втората Бундеслига. Нашиот чувар на мрежата имаше значаен придонес од 20 одбрани (47% успешност) во гостинскиот триумф на Битигхајм над Елфблоренц со резултат 28:24. Благодарение на таквите перформанси Томовски се најде во тимот на колото во втората Бундеслига.
Пред извесно време излезе информацијата дека Стојанов веќе не е тренер на Брера, а денеска тоа и официјално е потврдено. „Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на АП Брера Струмица по четири првенствени кола.
фото: Brera Strumica Панче Стојанов веќе не е тренер на АП Брера Струмица Коминовски Фидан Пред 7 минути Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на фудбалскиот клуб АП Брера Струмица по четири првенствени кола. Оставката е лична и не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона.
Фото: US Open Tennis Championships Ѓоковиќ го доби Фриц и закажа спектакл со Алкараз Новак Ѓоковиќ продолжи со своите игурни настапи по патот кон својата 25. грен-слем титула и јубилејна 100. титула во кариерата, откако во четвртфиналето на САД Опен со 3:1 во сетови го совлада Американецот Тејлор Фриц. Мечот траеше три и пол часа, а српскиот ас уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите на сите времиња.
Од: А1он Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, откако по голема борба го победи Американецот Тејлор Фриц со 6:3, 7:5, 3:6, 6:4. Ѓоковиќ го победи Фриц по 11-ти пат по ред и го израмни рекордот на легендарниот Американец Џими Конорс со 14 полуфиналиња во Њујорк. Негов ривал за 11-тото финале ќе биде Шпанецот Карлос Алкараз, кој претходно го победи Чехот Јиржи Лехечка со 3:0.
Шпанскиот тениски ас, Карлос Алкараз, лесно, во три сета го победи чешкиот тенисер Јири Лехечка и се пласираше во полуфиналето каде можен противник му е Новак Ѓоковиќ. Алкараз го продолжи перфектниот од по грен-слем турнирот, без загубен сет стигна до полуфиналето.
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД со победа од 3-0 над Чехот Јиржи Лехечка со 6-4, 6-2, 6-4. Алкараз така го продолжи својот поход кон својот прв триумф на Отвореното првенство на САД од 2022 година, кога го победи Каспер Руд во финалето. Вториот светски рекет веќе направи брејк во првиот гем, што веднаш го потврди.
Баер Леверкузен го отпушти холандскиот тренер Ерик тен Хаг откако го водеше тимот на само три натпревари. Наследникот на почитуваниот и трофеен Чаби Алонсо беше многу краткотраен.
фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN Германците експресно реагираа: Тен Хаг доби отказ по две кола Епизодата на Ерик Тен Хаг во германската Бундеслига заврши многу побрзо од очекуваното. Холандскиот стратег денеска доби отказ од Баер Леверкузен, иако сезоната едвај што започна и се одиграни само две кола.