„Официјално: АЕК службено го губи натпреварот со Алкалоид, а со тоа и европската титула“; „АЕК службено изгуби од Алкалоид-сериозна опасност да биде исклучен од Европа“; „АЕК на хартија го загуби финалето во ЕХФ Европскиот куп од Алкалоид“; се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната одлука на ЕХФ, според која Алкалоид е победник на Европскиот куп, јави дописничката на МИА од Атина.
Ракометниот суд при ЕХФ ја донесе својата конечна одлука во врска со откажувањето на реваншот од финалето на Европскиот куп за мажи за сезоната 2024/25 помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, првично закажан за 25 мај 2025 година во Скопјe.
Алкалоид: Ова е голем успех и за македонскиот ракомет!ЕХФ денеска ја потврди одлуката која и се очекуваше да ја донесе, Алкалоид со службени 10-0 го доби натпреварот со АЕК и така ја освои титулата во Европскиот куп.