Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и нивните семејства, преку која ќе можат да ги изнесат своите барања и потреби.
Портпаролката на Владата Марија Митева денес, во рамките на форумот „Кочани е наш приоритет“, изјави дека лица од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски се во постојана комуникација со семејствата на оние кои ги загубија своите роднини во трагедијата во Кочани.
Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526 Интегрален текст од изјавата на Марија Митева, портпарол на Владата: „Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава, Владата останува посветена на тоа никој да не биде оставен сам.