Фото: US Open Tennis Championships Оже-Алијасим го изненади Де Минор за полуфинале, сега го чека подобриот од италијанската битка Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим обезбеди пласман во полуфиналето на САД Опен, совладувајќи го Австралиецот Алекс Де Минор со 3-1 во сетови 4-6, 7-6 (9-7), 7-5 и 7-6 (7-4). Де Минор одлично го започна мечот и го доби првиот сет со 6-4, но Оже-Алијасим возврати во вториот, каде по голема драма во тај-брејкот успеа да израмни со 9-7. Во третиот сет, Канаѓанецот ја презеде контролата и го доби со 7-5, а конечната победа ја потврди повторно во тај-брејк, триумфирајќи со 7-4. Во полуфиналето, Оже-Алијасим ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Италијанците Јаник Синер и Лоренцо Музети. Почитуван читателу, Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.