После првото полувреме играчите на тренерот Рубен Гарабаја имаа предност од 16:10. За тимот од Битола прв стрелец беше Петар Атанасијевиќ со 10 голови, а Мирче Калајџиоски реализираше четири.
На 6 септември (сабота) на гости во Луксембург составот на Бутел Скопје ќе го игра првиот меч од првото коло во ЕХФ Европскиот куп против Дуделанж од 18.00 часот.
Почитуван читателу, Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
Е-БИЛТЕН НЕ ГУБИ ВРЕМЕ!
ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Ракометниот клуб Алкалоид одржа прес-конференција на која го најави реваншот со бундеслигашот РК Хановер-Бургдорф во квалификациите за Европската лига на ЕХФ. Во првиот меч одигран во Германија, екипата на Хановер-Бургдорф славеше со 37:27. Натпреварот ќе се игра во сабота со почеток од 19.30 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје, а ќе биде посебен момент за тимот затоа што пред стартот на мечот ќе го добие пехарот во Европскиот Куп на ЕХФ кој го освои со победа над АЕК Атина во финалето.
Ракометарите на Алкалоид в сабота (6 септември) со почеток од 19.30 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје ќе го играат реваншот против Хановер Бургдорф од Германија во квалификациите за пласман во Европската лига на ЕХФ. Во првиот натпревар одигран во Хановер, тимот на Кирил Лазаров загуби убедливо со резултат 37:27. Како што е најавено, пред почетокот на возвратниот дуел, на РК Алкалоид ќе му биде доделен победничкиот пехар од ЕХФ Европскиот куп освоен минатата сезона.
Следете го во ЖИВО соочување на Еурофарм Пелистер и Вардар во Суперкупот на Македонија.
Вечерва од 19 часот официјално почнува сезоната во македонскиот клупски ракомет, со дуелот во Суперкупот, меѓу Пелистер и Вардар. Мечот ќе се игра во Кавадарци, а „црвено-црните“ од Скопје ќе се обидат со трофеј да ја почнат сезоната откако минатата ја завршија трагично, со пораз на домашен терен од битолскиот ривал кој „пред нос“ им ја однесе шампионската титула.
Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, имаше блескава партија за Битигхајм-Метерцимерн на гостувањето кај Елбфлоренц, па си заработи место во идеалниот тим на колото во 2. Бундеслига. Томовски имаше неверојатна партија, тоа беше и деби натпревар за него во Втората Бундеслига, Македонецот одбрани дури 20 топки.
фото: facebook.com/SG BBM Bietigheim Македонецот блескаше за Битигхајм: Томовски во тимот на колото во втората Бундеслига Голманот на најдобрата македонска ракометна репрезентација, Мартин Томовски имаше одличен настап во првиот натпревар од новата сезона во втората Бундеслига. Нашиот чувар на мрежата имаше значаен придонес од 20 одбрани (47% успешност) во гостинскиот триумф на Битигхајм над Елфблоренц со резултат 28:24. Благодарение на таквите перформанси Томовски се најде во тимот на колото во втората Бундеслига.
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија во Прага и беше поразена со 1:2. Нашиот национален тим поведе во 40. минута со атрактивен гол со ножички на Александар Трајковски, но противникот израмни уште пред полувремето преку Ал Брикан. Победничкиот погодок за Саудиска Арабија го постигна Абдулах Ал Хамдан во 78. минута.
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија одигра пријателски натпревар со Саудиска Арабија во Прага, Чешка, и загуби со резултат 2:1 на стадионот „Викторија Жишков“. Нашиот национален тим поведе со фантастичниот гол со ножички на Александар Трајковски во 40 минута, но Саудиска Арабија израмни пред одморот со погодокот на Ал Брикан.
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ја победи селекцијата на Босна и Херцеговина со 2:0 на денешниот пријателски натпревар одигран во Радовиш. Двата гола беа дело на Стефан Младеновски, по еден во првиот и во вториот дел.
По цели 31 година на Градскиот стадион во Радовиш повторно се играше репрезентативен фудбал! Последен пат во овој град настап имаше македонска селекција во 1994 година, кога Македонија до 21 година одигра пријателски натпревар против Бугарија.