Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со соработници го обвини милијардерот Илон Маск за зависност од дрога, пренесе „Вашингтон пост“.
Милијардерот и поранешен раководител на Одделот за ефикасност на владата, Елон Маск, изјави дека на САД им е потребна нова политичка партија, заклучок до кој дојде еден ден откако објави анкета на социјалната мрежа X, во која ги праша своите следбеници дали треба да биде потребна партија што претставува „80 проценти од луѓето во средината“, односно гласачи кои не се екстремни поддржувачи ниту на левицата ниту на десницата од политичкиот спектар.
Мултимилијардерот Илон Маск ја повлече објавата на Твитер (X) направена за време на расправијата со американскиот претседател Доналд Трамп во која тврдеше дека администрацијата на Трамп не ги објавила сите записи поврзани со сексуалниот престапник Џефри Епштајн затоа што во нив се споменува самиот американски претседател.„Време е да се фрли голема бомба: (Трамп) е во досиејата на Епштајн“, објави тој на социјалната мрежа на Маск X (поранешен Твитер), во време кога неговите несогласувања со републиканскиот претседател ескалираа во силен јавен конфликт.„Тоа е вистинската причина зошто тие не беа објавени“, додаде милијардерот, иронично посакувајќи му на претседателот „пријатен ден“.Како одговор, Белата куќа едноставно напиша дека ваквите напади се жални, а американскиот претседател рече дека мисли дека Маск целосно го изгубил разумот.
Продолжува размената на остри зборови и квалификации меѓу Трамп и Маск, некогашните блиски соработници.