Шпанецот и Србинот ќе се сретнат в петок од 21.00 часот, во полуфиналето на грен слем турнирот САД опен.
Тоа е период од денот кога во Њујорк е исклучително топло и влажно, а такви услови повеќе му одговараат на Алкараз, отколку на Ѓоковиќ кој и на претходните натпревари што се играа во попладневните часови имаше многу проблеми и со дишењето и со движењето.
Одлуката да се игра од 15 часот е на задоволство на тренерот на Алкараз, Хуан Карлос Фереро кој посакуваше тогаш да почне мечот.