Овогодишниот „Супербоул“ – финалето на американската професионална рагби-лига НФЛ, стана најгледаниот ТВ-настан во историјата во САД со просек од 127,7 милиони гледачи, според специјализираната агенција за следење на рејтингот „Нилсен“.
Таа бројка се менувала во текот на натпреварот, но најмногу луѓе го гледале во втората четвртина, кога е достигнат број од 137,7 милиони гледачи.