По изрекувањето на овие мерки од страна на РФМ, Министерството за спорт, во законска постапка, им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје со што тие повеќе немаат легитимитет да настапуваат во националниот систем на натпревари во македонскиот ракомет.
Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија ја користат оваа прилика да упатат порака до сите спортски чинители да бидат одговорни на спортските борилишта што значи почитување на спортските правила кои се резултат на меѓународни консензуси во дејноста спорт и секогаш да бидат подготвени да го сочуваат спортскиот дигнитет, зашто преку спортот, како општо препознатлива вредност, покрај останатите придобивки, се претставува и афирмира македонскиот спорт во меѓународни рамки и се јакне националната свест“, се вели во соопштението. Skopjeinfo
Министерството за спорт и Ракометната федерација на Македонија испратија заедничко соопштение до јавноста, по скандалот во женскиот ракометен Куп на Македонија на натпревар на кој ракометарките на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје сами си постигнуваа автоголови во насока на конструирање на конечниот резултат.
Па, по сето тоа, откако претходно РФМ изрече суспензии за двата клуба, сега и Министерството за спорт, во законска постапка, им ги поништи решенијата за дејност спорт на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје со што тие повеќе немаат легитимитет да настапуваат во националниот систем на натпревари во македонскиот ракомет. Ekipa
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и Министерството за спорт им ги изрекоа најжестоките можни казни на двете прволигашки екипи, ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје, ги исклучи целосно, односно им го одзеде легитимитетот да настапуваат во националниот систем на натпревари во македонскиот ракомет.
„Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и по појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба. Plusinfo
Соопштението ви го пренесуваме во целост: „Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје на Куп натпреварот во групната фаза, Ракометната федерација на Македонија, по спроведена дисциплинска постапка, констатираше активности од страна на двете екипи кои се спротивни на начелото на фер-плеј, предизвикувајќи нарушување на спортскиот дух, спортскиот интегритет и витештво што е во целосна спротивност со Кодексот на ракометните клубови при РФМ и спротивно на Олимписката повелба.
Истото резултираше со исклучување на двете екипи од Ракометната федерација на Македонија и изрекување мерки на суспензија за повиканите официјални лица. Sitel
Суспензии добија и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот.
Валентина Радуловиќ како претседател на ЖРК Скопје, е суспендирана со забрана за вршење функција во ракометот во следните две години. Ekipa
Претседателот на ЖРК Гевгелија Јулија Беќарова исто така доби забрана за вршење на ракометна функција во следните две години.
Делегатот на мечот Митко Ѓоргиевски е казнет со забрана за вршење на функција во следните шест месеци. Skopjeinfo
Екипата на ЖРК Ѓорче Петров „профитираше“ од исфрлувањето на ЖРК Гевгелија од сите домашни натпреварувања и со службени 10-0 го добива финалниот натпревар од групната фаза во Купот на . Дисциплинската комисија на Ракометната федерација се одлучи на најригорозната казна за ЖРК Гевгелија, што автоматски значи дека ѓорчепетровки без борба се пласираат на завршниот турнир од најмасовното натпреварување во земјата. Gol
Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод натпреварот помеѓу Скопје и Гевгелија, по срамниот Куп натпревар во кој ракометарките си даваа автоголови, и наводно и намерно промашувале на меѓусебниот натпревар. Fokus
И Министерството за спорт на се огласи по повод скандалозниот натпревар меѓу ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија.
Министерот Борко Ристовски најави дека ќе следуваат сериозни дисциплински постапки против двата клуба, а тоа беше потврдено и со денешното официјално соопштение во кое се објавува поништувањето на решенијата за извршување на спортска дејност. Gol
Валентина Радуловиќ како претседател на ЖРК Скопје, е суспендирана со забрана за вршење функција во ракометот во следните две години.
Иста казна доби и тренерот на екипата, Веселинка Треноска. Fokus
Тие се исклучени од системот на натпреварување во РФМ како сениорските, така и младинските екипи во сите категории на Скопје и Гевгелија, како и суспензија од две години за Валентина Радуловиќ, претседателката на Скопје, која беше на клупата, потоа за Веселинка Треноска, која исто така седеше на клупата на Скопје и претседателката на Гевгелија, Татјана Бојкова.
Поранешната македонска репрезентативка Валентина Радуловиќ, во изјава за , потврди дека ја добила казната од РФМ, но дека во ниту еден момент не влијаела на односот на ракометарките на теренот. Skopjeinfo