Епилогот на скандалозниот натпревар помеѓу женските екипи на Скопје и Гевгелија е веќе познат.
Тие се исклучени од системот на натпреварување во РФМ како сениорските, така и младинските екипи во сите категории на Скопје и Гевгелија, како и суспензија од две години за Валентина Радуловиќ, претседателката на Скопје, која беше на клупата, потоа за Веселинка Треноска, која исто така седеше на клупата на Скопје и претседателката на Гевгелија, Татјана Бојкова.